Винарската визба „Тиквеш“ е предводник на винската индустрија во регионот и е препознатлив бренд во светот, бренд со кој се гордееме сите. Успешната приказна за нашата компанија ја градиме со децении, континуирано вложувајќи во технологија и знаење за производство на врвни производи. Развојот и унапредувањето на човечките ресурси се значаен дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на организацијата, при што големо внимание посветуваме на привлекувањето успешни, енергични и посветени кандидати кои би ни се придружиле и би придонеле кон остварувањето на овие цели.



КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ?


Доколку сте инспирирани од приказната за виното, поседувате амбиција, желба за успех, страст да се приклучите кон нашиот тим и сте подготвени да ги искористите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, Ве молиме внимателно пополнете ја апликацијата и вклучете дополнителни документи, како мотивациско писмо, препораки и сл., соодветни за Вашата област, кои за разлика од апликацијата не се задолжителни, но ќе ни овозможат подобро да се запознаеме со Вас и Вашето искуство.


Заинтересираните кандидати можат да поднесат апликација за активните огласи за вработување, а доколку во моментот нема актуелни огласи или Вие не сте заинтересирани за огласените работни места, сѐ уште можете да аплицирате за работа преку пополнување на општата апликација за вработување . Со пополнување на оваа апликација станувате дел од базата на потенцијални кандидати за работен ангажман во ВВ „Тиквеш“.


Со поднесување на Вашата апликација на еден од нашите активни огласи, го завршувате првиот дел од процесот, по што следува евалуација на пристигнатите апликации и селекција на потесен круг на кандидати. Доколку влезете во потесниот избор, ќе бидете повикани на интервју, кое ќе ни помогне да утврдиме дали заедно ќе можеме да ги оствариме заедничките цели.



Аплицирај



АКТИВНИ ОГЛАСИ


ЗАШТИТА НА НАШИТЕ КАНДИДАТИ ОД ИЗМАМА ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ


Во текот на изминатите неколку години, измамите со регрутирање на нови кадри преку Интернет значително се зголемија. Измамите се движат од креирање лажни огласи за работа до лажно претставување на регрутери. Многу е тешко да се спречат, но, за среќа, има начин за лесно да се препознаат.


Како наши потенцијални кандидати, Ве молиме бидете свесни за следните практики, кои дефинираат автентично искуство за вработување во нашата компанија:

  • o Никогаш нема да бараме од кандидатот каков било вид исплата како дел од процесот на вработување;
  • o Никогаш нема да бараме од кандидатот да сподели чувствителни лични информации како што се банкарски/финансиски информации, освен ако не е направена понуда за вработување;
  • o Никогаш нема да контактираме со кандидат од бесплатна е-пошта како што се Gmail.com, Yahoo.com или Hotmail.com;
  • o Никогаш нема да бараме од кандидатот да се јави на специјален број за да присуствува на телефонско интервју;
  • o Никогаш нема да му понудиме работа на кандидатот без претходно да го спроведеме процесот на аплицирање и интервју;
  • o Ако се сомневате дека е направен обид за измама при регрутирање, Ве молиме пријавете кај надлежните институции.