Со цел успешно да ги обработиме Вашите нарачки, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-меил адреса и телефонски број.
Овие податоци ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб страница и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци за тие да бидат обработувани од наша страна за наведената цел.
Со помош на споменатите податоци можеме навремено и точно да ги испорачаме саканите производи, како и да Ве известиме за моменталниот статус на Вашата нарачка. Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци се обврзува дека сите собрани неопходни лични податоци ќе се користат исклучиво за целите за кои истите се дадени. Личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвиден согласно Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички мерки за безбедност.
Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење.
Информациите за сите наши клиенти кои произлегуваат од купување на производи преку нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна согласно законите на Република Северна Македонија.
Веб страницата www.vinoteka.mk не е наменета за лица под 18 години. Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на своите родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци. Малолетници не смеат да даваат лични податоци на www.vinoteka.mk без дозвола од своите родители или старатели. Vinoteka.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.
Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци се обврзува дека ќе се придржува до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://www.vinoteka.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со Вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
1. Што претставуваат „колачиња“(cookies)?
Колачињата (cookies) претставуваат мали текстуални датотеки (фајлови), кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате на интернет. Овие датотеки можат да бидат прочитани од веб страниците кои ги посетувате и да придонесат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да се идентификуваат како „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и откога ќе го исклучите интернет пребарувачот, за разлика од привремените кои се бришат кога ќе го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) можат да се користат за повеќе цели, како на пример да се запомнат Вашите активности или преференции, а се со цел да се обезбеди персонализирана и приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже историјата на пребарување на истата.
2. Зошто користиме „колачиња“ (cookies)?
На веб страницата www.vinoteka.mk користиме колачиња (cookies) заради подобро техничко функционирање на страната, подобрување на корисничкото искуство, оптимизирање и унапредување на фунционалноста на веб страницата, да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (големина на фонт, контраст на боја итн.), да запомниме дали се согласувате или не со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.
3. Каков вид на „колачиња“ (cookies) користиме?
Веб страницата www.vinoteka.mk користи трајни колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето кога корисникот ќе го исклучи интернет пребарувачот, се со цел да се задржи состојбата на корисникот.
4. Дали може да се избришат или контролираат „колачињата“ (cookies)?
Информациите поврзани со колачињата (cookies) не се користат и не можат да се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на користење на овие колачиња (cookies) не е неопходно потребно за работа на нашата веб страница, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку не сте согласни со користењето на овие веб колачиња (cookies) истите може да ги избришете или блокирате, но во тој случај некои карактеристики на оваа веб страница можеби нема да работат правилно. Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од интернет пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потрeба рачно да ги прилагодувате преференциите секогаш кога ја посетувате оваа веб страница, а исто така можно е да не работат некои услуги и функционалности.
5. Прифаќање на условите
Како корисник Вие имате можност да дадете согласност за користење на колачиња (cookies) или да го одбиете истото. Со користење на колачињата (cookies) Вие се согласувате со Политиката за користење на колачиња (cookies). Вашето континуирано користење на оваа веб страница следејќи ги нејзините промени ќе се смета како да се согласувате со дадените промени. Кога за прв пат ќе пристапите на страницата www.vinoteka.mk може да добиете порака која што Ве известува дека користиме колачиња (cookies). Со кликнување на „се согласувам“, со затворање на прозорецот за колачиња (cookies) или со продолжување на посета и користење на нашата веб страница Вие изјавувате дека сте ја разбрале и се согласувате со употребата на овие датотеки, како што се објаснети во оваа Политика за користење на колачиња (cookies), при што може да ги промените подесувањата во Вашиот интернет пребарувач за да ги органичите или забраните колачињата (cookies).